ЕУРО 2016 АНАЛИЗА: РАУЛ ГОНЗАЛЕС ЗА ШПАНИЈА

Шпанската ракометна репрезентација за првпат во 1994 година започнува со натпреварување на Европските првенства.  Во својата колекција на медали, Шпанија има 3 сребрени медали од Европските првенства и тоа во 1996, 1998 и 2006 година. Дополнително во 2000 година од првенството во Хрватска и 2014 од првенството одиграно во Данска, репрезентацијата на Шпанија успеа да се закити со бронзениот медал.

Додека златниот медал им недостасува во колекцијата на медали кога станува збор за континенталните првенства, Светското првенство е тоа на кое Шпанците успеаа да се искачат на највиското место на пиедесталот. Првиот златен медал е од Светското првенство одиграно во Тунис во 2005 година, а второто е од првенството на кое Шпанците беа домаќини во 2013 година. Во 2011 година во Шведска, бронзениот медал повторно им припадна на шпанските репрезентативци.

Што се однесува пак до Олимписките игри, тие се носители на три бронзени медали и тоа од Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Пекинг 2008.

Составот кој постигна успех во 2013 година во најголем дел е ист па така Маноло Кадењас на располагање на ова првенство ќе има врвни играчи вклучувајќи ги: Арпад Штербик, Виктор Томас, Јоан Канелас, Јулен Агинагалде, Виран Морос, Раул Ентрериос и Перез де Варгас.

Раул Гонзалес за репрезентацијата на Шпанија

Сметам дека Шпанија може да го освои овој турнир. Таа заедно со Франција е еден од главните фаворити. Играат најдобрата одбрана и го имаат Штербик на голот.

Тоа го покажа на подготвителниот турнир во Шпанија каде ја совлада репрезентацита на Полска со повеќе од десет голови предност. Сега е вистинскиот моментот за Шпанија. Секогаш кога ќе се одбранат, постигнуваат гол, пред сè затоа што имаат ефикасен контра-напад. Тие играат добро како екипа, не можеш да посочи некој конкретен најдобар играч. На пример, денес против Полска добро игра Миндерија, утре можеби тоа ќе биде Раул, Алекс… Многу е чудно бидејќи Шпанија игра како екипа, а тоа е тешко да се постигне со оглед на краткото време за тренинзи и подготовки. Во група најголема опасност ќе биде репрезентацијата на Шведска, која веќе ја совладаа на подготвителниот турнир и имаа 10 голови предност разлика во првото полувреме. Има 17 играчи кои можат да играат сите, тоа е особено битно за турнирски систем на натпреварување. За разлика од останатите екипи кои имаат по 7-8 ракометари, Шпанија може да игра со сите играчи и туке е предноста бидејќи во тие 15 дена на сите им е потребен одмор.

Селекторот Маноло Кадењас знае што мора да прави. Многу е тешко кога нема време за тренинг и подготовки, затоа му е јасно дека кога игра со играчи од Барселона мора да се прилагоди на играта на Барселона, знае како се игра таму и секогаш се насочува кон полесните варијанти, бидејќи може да играат сите. Мислам дека Шпанија има најдобар пивот во свет, Јулијан Агинагалде и сите играат за него, Шпанија има сè за да го освои првенството. Но кога играш против Франција, Франција е секогаш фаворит.

За мене Штербик е најдобар голман во светот, но му е потребна пауза бидејќи има многу тешки натпревари и сметам дека Кадењас ќе ги менува во зависност од натпреварот. Гонзало оваа сезона е одличен, тоа го покажа и против Вардар во Скопје.

Бидејќи најважна во Шпанија е одбраната, многу нешта ќе зависат од Виран Морос, Хорхе Македа и Јоан Канељас!

SPainKl

КЛУЧНИ РАКОМЕТАРИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ШПАНИЈА

ВИРАН МОРОС -Еден од клучните ракометари на Барселона, бедем во шпанската одбрана. Искусниот одбранбен играч на селекцијата на Кадењас ќе биде еден од оние ракометари од кои ќе зависи играта на Шпанија.

ХОРХЕ МАКЕДА -Македа е ракометар кој може да одигра во два правци. Десниот бек на Вардар заедно со Морос ќе ја браната средината на шпанската зона, и од нивната успешност ќе зависат многу нешта.

ХУАН КАНЕЉАС -Бекот на Кил е еден од клучните играчи во составот на Шпанија, освен улогата на креатор на играта, Канељас ќе има значајна улога во одбраната. Со своето искуство, смиреност и преглед на играта се смета за еден од најквалитетните централни бекови во светот.