ЕУРО 2016 АНАЛИЗА: ИВАН МАРКОВСКИ ЗА ХРВАТСКА

Две децении едни од главните претеденти за едно од одличјата на завршниците од европските и светските собири, Хрватите и на престојниот собир ќе атакува на висок пласман.

За „Каубоите“ ова е дванесето Европско првенство по ред, досега успеаа четри пати да се закитат со медали од кои два сребрени (2008, 2010) и два бронени (1994, 2010). Златото останува неостварен сон и за оваа генерација хрватски ракометари, овој пат со нов кормилар, Жељко Бабиќ , кој го замени Славко Голужа на селекторската позиција, по (не)успехот на Светското првенство во Катар минатата година.

Иван Марковски за репрезентацијата на Хрватска

Хрватската ракометна репрезентација спаѓа во редот на најуспешните ракометни репрезентации и во последната деценија и пол заедно со Франција, Шпанија и Данска е редовен учесник во завршницата на големите европски и светски натпреварувања.

Иако во ризницата од освоени трофеи ( два пати олимписки , еднаш светски првак ) репрезенатација на Хрватска никогаш не го освоила европскиот трон, во  два наврати  играше во големото финале, но Данска ( ЕП НОРВЕШКА 2009 ) и Францја ( ЕП АВСТРИЈА 2010 ) беа репрезентациите кои ги спречија да го освојат можеби и најпосакуваниот за нив златен медал како би влегле во историјата како репрезентација која ги освоила сите три големи натпреварувања (Олимписки Игри, Светско и Европско превенство) .

Европското првенство во Полска секако ке биде нова шанса за ново докажување на реновираниот состав на новиот селектор Жељко Бабиќ. Во групата Б заедно со репрезентациите на Исланд, Норвешка и Белорусија ќе го трасираат патот кон завршницата која нималку нема да им биде лесна, бидејќи конкуренција е голема, а можеби и за прв пат во последните неколку години не се во кругот на репрезентации кои претендираат за висок пласман со оглед на многуте повреди кои ги имаат кај најбитните играчи во ростерот на селекторот Бабиќ. Но тие се Хрватска, „ватрените каубои“, освојувачи на многу медали кои никогаш не треба да се потценат и сигурно ке бидат опасен противник за секого во групата.

Жељко Бабиќ, новиот предводник на новата генерација, го наследи Славко Голужа на клупата и можеби беше најлогичното решение за нов селектор, бидејќи на Олимписките Игри во Лондон 2012 беше негов помошник, а подоцна ја доби богатата понуда од белорускиот Мешков Брест. По трите години од неговиот престој во Белорусија докажа дека е вреден и подготвен за неговиот најголем предизвик во кариреата селектор на хрватската репрезентација. Харизматичен, амбициозен и можеби специфичен во начинот на својата работа, Бабиќ ја доби шансата заедно со Петар Метличиќ како негов помошник и Ивано Балиќ како прв оперативец во хрватскиот национален тим, да биде дел од плејадата тренери који им донесоа толку многу светски, олимписки и европски одличја. Патот до успехот нема да му биде ни малку лесен, но Бабиќ верува во својата репрезентација и својата работа и секако дека ќе направи сè да го задржи континуитетот  на добри резултати од предходните години.

Следното Еврoпско првенство во Полска сигурно дека ќе биде првиот најголем тест за „новата“ генерација на хрватските „каубои“. Како што вели и самиот селектор силниот  ритам на натпревари оваа сезона ги “скрши“ ако може така да се каже многу битните или најбитните играчи во хрватскиот состав. Ниту едно големо натпреварување не поминало, а хрватскот тим да е комплетен, секогаш некој од важните играчи недостасувал, но повредите биле и секогаш ќе бидат присутни. Пред ова првенство Бабиќ, како никогаш досега, немал повеќе непознаници околу конечниот список за Полска. Ако во стартот одпадна голманот Иван Пешиќ сигурно најголемата загуба е Лука Степанчиќ, десниот бек на ППД Загреб и новиот играч следната сезона на ПСЖ, кој оваа полусезона беше во одлична форма. На таа позиција ги има Шебетиќ и Копљар, но и тие имаат проблеми со повредите, ќе бидат подготвени до почетокот на првенството, но прашање е колку ќе можат да прикажат и дали воопшто ќе ги санираат повредите. Да не остане сè на случајноста повикан е и  Шиме Ивиќ, играч на Цеље Пивоварна Лашко кој во натпреварите од Лигата на Шампиони покажа дека е голем потенцијал. Исто така проблемите и повредите не го заобиколија ниту Игор Карачиќ, кој дојде на подготовките после паузата кој ја имаше во Вардар, но со стилот, начинот на игра и пожртвуваноста сигурно ќе биде од корист на репрезентацијата.

Повредите никако не смеат да бидат некое оправдувње, ниту алиби за сè она што следува на европското првенство. Хрватската репрезентација мора да ја игра улогата на благ фаворит во групата, Домагој Дувњак ќе биди предводникот на оваа генерација и заедно со Мирко Алиловиќ се столбот и на некој начин и сигурноста на оваа селекција. Крилата им се секогаш на високо ниво и сметам дека во континуитет добро си ја извршуваат својата работа, после ерата на Игор Вори можеби пивотменската позиција е најнеискусна, но еднаш мораше и тоа да се случи, да им се даде повеќе шанса и простор на помладите, Брозовиќ и Марино Мариќ се добар квалитет, а и двајцата играат во Бундеслигата и сигурно ќе одговорат на предизвикот и добиената шанса. Со сигурност може да се каже дека ова е моментот кога Жељко Бабиќ направи “рез“ или подмладување на составот, Обреновиќ, Павловиќ, Стефан Вујиќ се иднината на хрватскиот ракомет, Европското првенство во Полска е шансата за нов почеток на овие млади ракометни величини.

Хрватска е сигурно во петте најсериозни кандидати за висок пласман покрај Франција, Данска, Шпанија и домаќинот Полска кои можеби се за нијанса поквалитетни, но никако доминантни. Верувам дека Бабиќ го направи правилниот избор на играчи и сигурно на првенството ќе играат најподготвените, најздравите и тие што најдобро одговараат на системот кој го форсира цврста 6-0 одбрана, а  3-2-1 одбраната може да биде и фактор на изненадување, кој знае можеби и тоа ќе биде еден од клучните моменти на ова првенство. Но европскиот шампионат е многу силен, најквалитетен и нема место за импровизации, борбата за места кои водат во втората фаза ќе биде тешка, сите ќе ја бараат својата шанса и нема да има респект спрема никого. Хрватските ракометари го знаат патот и начинот до успехот, тие се желни и жедни за нови докажувања и нови трофеи еве им ја првата шанса на оваа генерација каде можат да го продолжат патот на големи успеси од предходните генерации и можеби е ова шансата за толку долго очекуваниот златен медал од европските големи смотри.

HRVkluc

Клучни ракометари во репрезентацијата на Хрватска

Домагој Дувњак – централниот бек на германскиот шампион Кил, е еден од најсестраните ракометни имиња на ова првенство. Со текот на годините Дувњак принудно играше на сите бековски позиции, а најкомотно се чувствува на средината кога ја контролира играта на Хрватска. Го краси силен и прецизен удар, а одличните продори се вистински проблем за неговите чувари по првиот направен чекор…

Мирко Алиловиќ – откако минатата сезона кубуреше со повредите, Алиловиќ повторно во голем стил се врати меѓу стативите на Веспрем. Високиот голман е еден од најстандардните хрватски репрезентативци, и во голем дел играта на Хрватска ќе зависи од неговото расположение.

Игор Карачиќ Веќе неколку сезони настапува на високо ниво во македонскиот шампион Вардар. Централниот бек, Карачиќ е еден од оние кои допрва треба да ја водат репрезентацијата на Хрватска во освојување на нови одличја. Инспиративната игра, брзината, брзите влезови и прецизните додавања му обезбедија место меѓу патниците за Полска.