Еурофарм Работник ја заврши сезоната со стил, ја урна несовладливата Бидасоа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Работник ги заврши настапите на евро сцена со победа од 25:23 против екипата на Бидасоа Ирун која влегува во плеј-офот како првопласирана од Групата Ц.

Битолчани одиграа добра средба и имаа контрола на резулатот особено во вториот дел од натпреварот кога се изборија и за пресврт така што на крајот можеа да се радуваат на победа која им овозможи успешно да ја финишираат оваа деби сезона во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Покрај тоа оваа победа значи уште повеќе бидејќи е обезбедена против тимот кој доминираше во Групата Ц и кој играше одлично цела сезона така што ова е голем плус Еурофарм Работник, кој од вчера стана Еурофарм Пелистер.

Инаку, ова беше првиот пораз за тимот на Бидасоа Ирун сезонава во Лигата на шампионите. Воедно ова беше последниот меч за Еурофарм Работник, а ја заврши сезоната со шест бода исто колку што има и финскиот Кокс.