Ерленд Мамелунд си замина од Кил

Еден од столбовите на одбраната на германскиот Кил реши да си замине по една година помината во бундеслигашот Кил. Тој се враќа во татковината, во дресот на Хаслум, каде што ја започна кариерата.

Норвешкиот репрезентативец минатата сезона стигна во Кил за да му помогне на Алфред Гисласон, кој имаше многу повредени ракометари во тимот, но сепак на крајот не успеаја да освојат титула во Бундес лигата.

Ова е негов втор камбек во Хаслум, а претходно беше дел од тимовите на Флензбург, Нордхорн, Копенхаген и Монпеље.