Елена Муратовска во 24РАКОМЕТ АНАЛИЗА за натпреварот ЖРК Вардар – РК Турингер

Поранешната ракометарка на Кометал ЃП, Елена Муратовска (екс Златановска) во анализа за 24ракомет.мк за натпреварот ЖРК Вардар – РК Турингер од Лигата на шампионите од второто коло.

ЖРК Вардар – Турингер, предзнак на мошне интересен натпревар кој ни следи и кој е подеднакво значаен за двете екипи. Полн со надмудрување меѓу двете екипи од една страна и меѓу тренерите  Кастратовиќ –  Милер. Турингер е силна екипа со традиција и реноме ( 2008ма финале во Челинџ купот) и на која како првак на Германија во минатата сезона за влакно им избега влез во Ф4. Оваа година, сезоната во Лигата на шампиони ја стартуваа со висока победа над Подравка Вегета на домашен терен. Тоа оддава впечаток дека се работи за нималку наивна екипа против која нашите Вардарки ќе треба убаво да се потрудат за да си го олеснат понатамошниот тек на натпреварување во ЛШ. Во меѓувреме од Турингер си заминаа Ања Алтхаус која премина во вардаровите редови како и репрезентативката на Шпанија, Кабрал Барбоса, две многу значајни ракометарки. Затоа на натпреварот против Подравка ги добија искусната австријка Катрин Енглер и младата Надја Надгорнаја кои со девет постигнати погодоци беа едни од најзаслужните за победата на нивната екипа.

Вардарки ослабени ( поради повреди ) ја стартуваа новата сезона во ЛШ. Верувам дека од анализата на првиот анемичен натпревар против Будуќност девојките извлекле поука и како професионалци ќе дадат се од себе за оваа сабота сите да се радуваме на првата вардарова победа во ЛШ.  Турингер ќе влезат порастеретени во овој натпревар што следи затоа што извојуваа висока победа против Подравка дома, што не значи дека нема да се потрудат да ја освојат и првата слатка победа на гости, посебно против големиот и силен Вардар (учесникот на Ф4 турнирот во Будимпешта ). Од друга страна сметам дека Вардарки треба максимално сконцентрирани да влезат во игра, борбено и без пардон со неминовна подршка од публиката како нивни 8-ми играч, со што би ја оствариле  првата значајна победа во Лигата на шампионите која ќе преставува огромен поттик за достигнување на врвот. 

Девојки, верувам во вас и ви посакувам многу среќа и голем успех во Лигата на шампионите и оваа сезона!