Експресно најдоа замена за повредениот Мортенсен: Немања Илиќ се сели во Барселона

Левото крило на Барселона, Каспер Мортенсен, мораше да замине на операција по повредата на менискусот на средбата против Тунис на неодамна завршениот Мундијал.

Каталонците не чекаа многу и веднаш најдоа замена за данскиот репрезентативец. Потрагата по лево крило ги однесе во францускиот Тулуз, од каде го ангажираа Србинот Немања Илиќ.

Тој е брат на Вања Илиќ, кој го носеше дресот на Металург две сезони. Илиќ заедно со Аитор Арињо, ќе ја сочинува двојката на левата крилна позиција во Барселона за завршните средби од групната фаза во Лигата на шампионите.

Немања потекнува од Партизан, од каде што замина во Тулуз во 2013 година. Тој ќе остане во каталонската престолнина до крајот на оваа сезона. Покрај Илиќ, Тулуз остана и без голманот Бонфуа, кој ќе биде замена за повредениот Сирил Димулан во Нант.