„Експертите„ со пет од пет во осминафинале

Во групата А, Франција против Полска го одигра последниот натпревар во групната фаза и забележа победа со резултат 26:25 (13:13), со што ја освои првата позиција во групата која се игра во градот Нант.

Репрезентацијата на Полска се покажа како одличен противник во првото полувреме од натпреварот одигран против домаќинот на Светското првенство кое заврши со нерешен резултат. Веднаш на стартот на вториот дел, Франција успеа да направи серија со која од пет погодоци 18-13, но Полска во 46та минута преку Дацко намали само на еден погодок 20-19. Сепак, Франција тргна во нова серија која составот на Талант Душебаев немаше сили за ја анулира и му дозволи на домаќинот да ја комплетира групната фаза со победа 26-25.

Најпрезицен во составот на Франција беше Њокас со 7 погодоци, додека Крајевски постигна 5. Во осминафиналето, Франција ќе се соочи со Исланд, додека репрезентацијата на Полска поради лошиот учинок ќе го продолжи натпреварувањето во Президент купот.

ФОТО:www.francehandball2017.com