Ексклузивно интервју со Роберто Парондо: Не е важно дали јас ќе бидам тренер, за секој Македонец е важно Вардар да постои!

Вардар веќе трета година по ред ќе биде на Ф4 турнирот во Келн, а годинава ќе биде предводен од Роберто Гарсија Парондо, тренерот кој го наследи Раул Гонзалез на оваа функција и тренер кој ќе се обиде во две години да игра во две различни финалиња.

После минатогодишното финале со женската екипа на Вардар, сега може да го повтори успехот и со машката. Мисијата ќе биде тешка, но се состои од две средби кои траат по 60 минути. Тој го има трасирано патот кон успехот, па сега следуваат двата клучни натпревари.

Парондо пред заминувањето за Келн зборуваше за својата кариера и за Вардар. Зборуваше и за неговите почетоци на пријателството со Раул, за тоа како стигна да стане селектор на Египет, за рецептот со кој Вардар може да дојде до трофејот во Келн…

Многу повеќе можете да погледнете во видео интервјуто со Роберто Гарсија Парондо во продолжение.