Една вардарка во идеалниот тим на Лигата на Шампионите (ВИДЕО)

Пред стартот на финалниот турнир, Вардар се стекна со признание во идеалниот тим на Лигата на Шампионите. Норвежанката Камила Херем доби најмногу гласови од публиката  со што е избрана за најдобро лево крило во оваа сезона во најелитната конкуренција. Фановите имаа можност да изберат од  номинациите на ЕХФ за секоја позиција, плус најдобар дефанзивец, млад играч и тренер.

Изборот за најдобара ракометарка е спој на гласови од публиката која оваа година броеше преку 25000 и признати експертски имиња меѓу кои Ким Расмусен, Евгениј Трефилов, Хеле Томсен, Марта Бон…

Од составот на вардарки вкупно шест ракометарки се најдоа во конкуренција за идеалниот тим: Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Камила Херем, Александра Лакрабер, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ.

„Ол Стар“ тим:

голман: Кари Гримсбо (Ѓер)
лево крило: Камила Херем (Вардар)
десно крило: Кармен Мартин (ЦСМ Букурешт)
лев бек: Кристина Неагу (Будуќност)
десен бек: Нора Морк (Ѓер)
централен бек: Нике Грот (Ѓер)
пивот: Марит Фрафјорд (Ларвик)

најдобар дефанзивец: Едуарда Аморим (Ѓер)
најдобар млад играч: Бјанка Биро (ФТЦ)
тренер: Амброш Мартин (Ѓер)