Еден Димитриевски недоволен за Синфин

Тимот на Синфин од Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби по подолго време во Асобал лигата.

Иако се очекуваше победа, сепак Синфин потклекна во второто полувреме и беше поразен со 21-25 од Куенка, откако на паузата имаше минимална предност со 11-10.

Нашиот интернационалец беше најдобар стрелец во домашната екипа и постигна шест погодоци, но не можеше сам против сите гости.

Во следното коло Синфин ќе игра на гости кај Ваљадолид, а иако падна за две позиции, сепак со 23 бодови е блиску до второпласираната Бидасоа што има 27 бодови.