Еден Георгиевски премалку за ЧСМ Букурешт

Тимот на ЧСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, оваа сезона се чини дека е далеку од изданијата што ги имаше во претходните сезони.

На последниот натпревар против Темишвар, ЧСМ загуби со 27-26, и покрај маестралното издание на нашето десно крило.

Георгиевски постигна девет погодоци од 13 обиди, но сето тоа беше премалку за позитивен резултат од ова незгодно гостување. ЧСМ Букурешт по осум кола има само две победи, па за овој тим успех ќе биде доколку обезбеди место во плеј-офот.