Европскиот шампион со бронза од Рио

По поразите во полуфиналните дуели, репрезентациите на Полска и Германија се сретнаа во директна борба за бронзениот медал. Германците беа подобри во првиот дел и предноста ја потврдија и во второто полувреме за на крајот да се закитат со бронзениот медал по победата со резултат 31-25.

Првите 10 минути беа изедначени, а Полска прва направи посериозна предност од 8-5 благодарение на одличниот погодок на Дашек во 14та минута. Сепак, германската машинерија проработе, го сврте првиот дел во нивна полза и стигна до 14-10 во 27та минута. Седумте одбрани на Волф, како и четвртиот погодок на Рајхман ја одведоа Германија на пауза со резултат 17-13.

germany

По една минута игра, Лијевски го отвори вториот дел, но Полјаците брзо го изгубија ритамот со што и дозволија на Германија дополнително да ја зголеми предноста на високи 25-18 во 42та минута од натпреварот. Полска намали само на четири погодоци во 56та минута но Германија на крајот запиша висока победа со конечни 31-25 и со тоа го освои бронзениот медал.

Најдобар стрелец во таборот на бронзената репрезентација беше Рајхман со 7 погодоци, додека кај Полска Крајевски и Лијевски постигнаа по 5.

ФОТО: IHF/dpa