Европскиот крем со катарски шмек пред публиката во Скопје: Металург ја започнува сезоната во Лигата на шампиони

Вечерва со почеток во 19:00 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, македонскиот шампион Металург ја пречекува супер-екипата од главниот град на Франција. Во реприза од минатогодишното отварање на Лигата на шампионите „сино-белите“ ќе имаат тешка задача да го повторат успехот од минатата сезона.


ПАРИЗ СЕНТ ЖЕРМЕН


Катарското богатство му даде дополнителна сила на францускиот претставник, кој во последните две години ги привлече најдобрите светски ракометари. Иако сеуште не го прикажал на дело својот инивидуален квалитет, ПСЖ е екипа за почит во светот на ракометот.
Ѕвездената екипа на Париз, минатата сезона за прв пат настапи во Лигата на шампионите откако имаат нов спонзор и остави позитивен впечаток, но во четврт-финалето мораше да му честита на противникот, екипата на Веспрем.
Двајца поранешни светски ракометари на годината, Микел Хансен и Даниел Нарцис, беа дел од екипата на ПСЖ во претходната сезона, а сега пристигна и третото име: легендарен голман и четири-кратен победник на ЕХФ Лигата на шампионите, Тиери Омејер.
Целта на ПСЖ секако е Фајнл Фор турнирот во Келн, но како што вели Нарцис, во четврт-финалето се се сведува на среќа, може да го играте финалето пред финале.

Ракометари кои пристигнаа оваа сезона:
Вилијам Акамбре (Монпелје)
Тиери Омејер (Монпелје)
Хавиер Барашет (Сент Рафаел)

Клубот го напуштија:
Антонио Гарсија (Пик Сегед)
Хозе Мануел Сиера (Пик Сегед)
Ибрахим Диав (Букурешт)
Асгер Орн Халгримсон (Нимс)

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ПРЕСМЕТКИ – РК МЕТАЛУРГ vs. ПАРИЗ СЕНТ-ЖЕРМЕН:

14.02.2009 РК МЕТАЛУРГ vs. ПАРИЗ СЕНТ-ЖЕРМЕН, Cup Winners’ Cup – Последни 16 27:18 (16:12)
21.02.2009 ПАРИЗ СЕНТ ЖЕРМЕН vs РК МЕТАЛУРГ, Cup Winners’ Cup – Последни 16 27:21 (16:11)
28.09.2013 РК МЕТАЛУРГ vs. ПАРИЗ СЕНТ-ЖЕРМЕН, VELUX EHF Champions League – Група Ц 28:26 (12:12)
08.02.2014 ПАРИЗ СЕНТ ЖЕРМЕН vs РК МЕТАЛУРГ, VELUX EHF Champions League – Група Ц 32:29 (16:12)

Најуспешен активен играч во овој момент е белорускиот репрезентативец Сергеј Рутенка кој ја освоил Лигата на шампионите пет пати (три пати со Суидад Реал, по еднаш со Целје и Барселона). Тиери Омејер преку ПСЖ има можност да му се придружи на Рутенка, му недостасува уште една титула, а досега го освоил овој трофеј четири пати (три пати со Кил и еднаш со Монпелје).