Дунајварош победник на силниот турнир ” Кохас”

Противникот на ЖРК Вардар во ЕХФ Купот, Дунајварош продолжува со одличните игри во подготовките. По тест натпреварите против унгарските клубови, екипата како домаќин го организираше „Кохас“ ракометниот турнир. Покрај  домашната екипа, учествуваа и Дебрецен и Фехервар од Унгарија, Локомотива Загреб и Подравка Вегета од Хрватска и Звезда Звенигород од Русија.

Во финалето Дунајварош на убедлив начин ја совлада екипата од Русија, Звезда Звенигород со високи 31:23 ( 15-10). Во борбата за третото место, поранешниот шампион на Хрватска- Подравка Вегета беше подобра од втората унгарска екипа Фехервар со 21:16 ( 9-8). Петтото место им припадна на ракометарките од Локомотива Загреб кои немаа никакви проблеми против Дебрецен, и славеа убедлива победа со 22:32 ( 11-20) во корист на Локомотива Загреб.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласена Кристина Елез од Подравка со вкупно 19 голови, наградата за најдобра голманка и припадна на Агнес Тифа од Дунајварош, а за најдобар играч беше прогласена русинката Ирина Антонова од Звезда Звенигород.

Конечен пласман на турнирот

1. Дунајварош ( Унгарија)

2. Звезда Звенигород ( Русија)

3. Подравка Вегета ( Хрватска)

4. Фехервар  ( Унгарија)

5. Локомотива Загреб ( Хрватска)

6. Дебрецен  ( Унгарија)