Дуел на двајца вардарци: Словенија со Оцвирк убедлива против Летонија и Кристопанс

Словенечката репрезентација стартуваше убедливо во квалификациите за пласман на Европското првенство, кое за две години ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија. Ова беше и меѓусебен дуел на двајцата вардарци, Грегор Оцвирк на домашната и Даинис Кристопанс на гостинска страна.

Избраниците на Веселин Вујовиќ уште на полувреме го решија победникот. Летонија водеше со 1-3, но Словенците со серија од осум голови се одлепи на 9-4, а позитивата до крајот на полувремето се зголеми на плус седум, 14-7.

Во вториот  дел Словенија водеше и со плус девет, но гостите иако стопија дел од негативата немаа сили за нешто повеќе и мечот заврши со победа за Словенија со 27-21.