Др. Хасан Мустафа: “ИХФ Супер Глоуб е голем успех за ракометот”

Изминатиот викенд беше спуштена завесата на ИХФ Супер Глоуб Светското клупско првенство, на кое екипата на Барселона ја одбрани титулата против Ал Саад од Катар. Катарскиот тим приреди големо изненадување елиминирајки го актуелниот европски првак Фленсбург во полуфиналето.

“ИХФ Супер Глоуб е голем успех за ракометот, и многу ми е драго што Супер Глоуб имаше влијание врз Катар да го подигне нивото на ракометот на повисоко ниво. Тие веќе можат да уживаат во првите плодови од работата и вложувањата во овој спорт. Доказ за тоа е националниот тим на Катар, а исто така и на клупски план, што можевме да се увериме на штотуку одржаното Светско клупско првенство”. – вели претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.

Воедно ИХФ Супер Глоуб претставуваше генерална проба пред престојното СП кое во јануари 2015 ќе се одржи во Катар. Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа на ihf.info имаше само пофални зборови за напорите и постигнувањата на Катарскиот Емир, шеикот Тамим Бин Хамад Ал Тани во областа на спортот , а посебно во ракометот:

“Неговата подршка е гаранција дека СП во Катар 2015 година ќе биде успешно организирано, а Катар ќе биде најдобар домаќин во историјата на Светските ракомети првенства”.

Мустафа додаде: “Катар има многу важна улога во светот на спортот. Се планира многу Светски првенства да се одржат во Катар и јас му посакувам успех во иднина. Посебно за Светското машко ракометно првенство кое ќе се одржи во Јануари”.

Светското првенство ќе се игра во три нови арени. Покрај Ал Саад арената која е со капацитет од 7800 гледачи, и големата Лусаил арена со 17 000 гледачи, третата арена која го помина тестот токму на ИХФ Супер Глоуб натпреварувањето е комплексот на Катарската ракометна федерација, која ќе биде трета арена домаќин на СП.