Драматичен натпревар во Монпелје: Шпанија се извлече против Бразил

Репрезентацијата на Шпанија која се вборјува меѓу фаворитите за медал на ова првенство, во осминафиналето за противник ја имаше селекцијата на Бразил. Репрезентацијата на Бразил беше поуспешна во првиот дел во кој имаше позитива од два погодока и контролата ја имаше во најголемиот дел на натпреварот, но Шпанија во клучните минути конечно го скрши отпорот на Бразилците и триумфираше со резултат 28-27.

Преку Позер, Бразил го постигна првиот погодок на овој натпревар, а Агинагалде брзо возврати на спротивната страна. Изедначена беше играта во продолжението на натпрварот, за Бразил да стигне до прво посериозно водство од 11-8 во 18та минута од дуелот. Шпанија успеа да изедначи пред крајот на првиот дел на 16-16, но следуваше период од три минути во кои Шпанците им дозволија на противиците да постигнат два погодока 18-16 со всушност беше и конечниот резултат во првиот дел.

Погодокот на Силва на стартот на вториот дел значеше и предност од 19-16 за Бразил, но Шпанија брзо ги консолидираше редовите и преку Душебаев изедначи на 20-20 во 40та минута. Конечно, преку Агинагалде, Шпанија стигна до минимално водство 21-20, но Бразилците брзо изедначија.  Во последните 8 минути Бразил влезе со предност 26-25, а Душебаев ја прекина серијата од четири минути без погодок за Шпанија во 54та минута и изедначи на 26-26. Вистинска драма се случуваше на теренот во Монпелје во последните 2 минути, а Шпанија имаше поголема концентрација што на крајот донесе триумф со резултат 28-27.

Најпрезицен на теренот во Монпелје беше Силва со 7 погодоци, додека во таборот на Шпанија Душебаев постигна 5.

ФОТО:francehandball2017.com