ДОЈДОА, ВИДОА, ПОБЕДИЈА И ГО ЗЕМАА ПЕХАРОТ (ВИДЕО/ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар веќе неколку часа уживаат во привилегијата во следните 12 месеци да ги нарекуваат актуелни освојувачи на Лигата на шампионите. Откако минатата сезона не успеаја во намерата да го одбранат пехарот годинава тоа им успеа и дојдоа до тронот каде што ќе бидат најмалку една година.

„Црвено-црните“ нокаутираа уште еден ривал и докажаа дека кога играат со срце и како што знаат никој не може да им застане на патот. Знаеја како во финалето да го совладаат Веспрем за да имаат причина за славење.

Во три години успеаја двапати да се искачат на тронот и покажаа дека она што тие можат да го направат не може ниту еден друг тим во Европа.

Имаше многу убави моменти кои исто така вреди да се погледнат. Покрај видеото можете да уживате и во многу убави фотографии од славењето.