Домен Макуц пред утрешното финале: Ќе се „фајтаме“ со Констанца во Струга (ВИДЕО)

Еден од најголемите таленти на ракометот во Словенија, Домен Макуц одигра добра партија за тимот на Целје и на двобојот со Бешикташ во последното коло од групната фаза на Струшкиот турнир. Тој покажа завидно ниво на квалитет и помогна многу за тимот да се најде на првото место во групата и да обезбеди финале.

Утрешниот дуел кој почнува од 21 часот ќе биде многу интересен бидејќи Констанца е екипа против која Целје одигра средба што беше прекината после првото полувреме. Сега во Струга ќе мора да се одигра максимално и тука ќе се види вистинското.

„Утре не очекува интересен натпревар на кој очекувам да им голема борба. Верувам дека ова ќе биде возбудлив дуел со многу надигрување. Ќе има фајтање на теренот во Струга со тимот на Констанца, но ние сме дојдени тука за да го освоиме турнирот“, изјави за 24 Ракомет, Домен Макуц.

Комплетната изјава на Макуц можете да ја проследите во видеото во продолжение,