Домаќинот на СП со две убедливи победи

Еден од двата домаќини на следниот Мундијал, Германија одигра две контролни средби против селекцијата на Јапонија. Составот кој доби вајлд-карта беше тест за Германците кои се покажаа во добро издание и најавија дека ќе имаат период во кој ќе можат добро да се подготват за Светското првенство.

На првиот меч Германците славеа со 37:24, а на вториот триумфот беше помал. Германија стигна до 31:22, но и тоа беше доволно за да се обезбеди победа на овој дуел.

Ова беа две контроли со кои Германците ги проверија силите во моментов, а јасно е дека градат состав со кој ќе влезат многу офанзивно на Мундијалот во обидот да дојдат до добар резултат.

За разлика од Германија, вториот домаќин Данска имаше посилен ривал во Франција, а се избори за нерешени 29:29 пред неколку дена.