Добри вести за Чави Паксвал: Сорендо ја пропушта само групната фаза во ЛШ

Пивотот на репрезентацијата на Франција, Седрик Сорендо кој се повреди на средбата против Германија во првиот круг на Мундијалот.

Сорендо заработи повреда на мускулот десната нога и мораше да биде заменет, па го пропушти останатиот дел од шампионатот. Сепак, не се работи за повреда која ќе го одвои од терените подолг период и тој ќе има можност да се врати навреме за да може да им помогне на колегите од Барселона на патот кон пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Наодите на докторите велат дека ќе му бидат потребни шест недели за да може да се врати на терен, а тоа значи дека ќе ги пропушти четирите средби од групната фаза на кои сигурно неговите колеги нема да имаат проблеми за да обезбедат пласман во елиминациите.

Ако оди сè според планот тогаш Сорендо би требало да биде подготвен за да се врати на терен за четврт-финалето во Лигата на шампионите бидејќи Барселона сигурно ќе го скокне осминафиналето.