Добрите партии не останаа незабележани: Блаж Јанц од следната сезона во Киелце?

Многумина беа зачудени од одлуката на Веселин Вујовиќ на ОИ во Рио да го понесе ракометарот  на Целје, Блаж Јанц на местото на поискусниот и попознат Гашпер Маргуч. Но сите што се сомневаа во квалитетите на младото десно крило, се разубедија кога по три кола најефикасен во словенечката репрезентација беше токму тој, со перфектна реализација.

Неговите добри партии не останаа незабележани, па најверојатно од следната сезона тој ќе се пресели во полскиот и европски првак Виве Киелце, на местото на Тобијас Рајхман, кој заминува по истекот на оваа сезона. Таму веќе е екс ракометарот на Металург, Дарко Ѓукиќ, па Дујшебаев би имал две ем млади, ем веќе искусни, ем квалитетни десни крила.