Добија два црвени за рекордни 38 секунди, но покажаа срце и обезбедија осминафинале

По првиот натпревар одигран во Полска кој го доби Силкеборг со два гола предност сите очекуваа рутински на домашен терен да го потврдат пласманот во осмина-финалето. Но така не мислеа и ракометарите на Висла Плоцк кои направија сензација и успејаа да слават со 27:20 во Јуск Арената во Силкеборг.

И покрај тоа што судиите од Црна Гора имаа свое мало шоу кога за неполна минута, точно 38 секунди  доделија два црвени картони на Ракотеа и Де Толедо ракометарите на Висла не се предадоа, и продолжија во намерата да обезбедат позитивен резултат. Првото полувреме го загубија со 15:13, но во второто полувреме започнаа фуриозно, па со серија од 6:0 најавија дека силно посакуваат пласман во осмина-финале. Отако го преземаа водството до крајот на натпреварот ја одржуваа и зголемија предноста за конечна победа со седум гола разлика и остварување на целта.

Најзаслужни за победата на Висла Плоцк беа голманите кои собраа вкупно 19 одбрани и словенецот Жига Млакар кој постигна шест гола. Во поразениот состав најефикасен беше Нодесбо со пет гола. Со овој пораз Силкеборг го заврши настапот во Лигата на шампиони, а Висла Плоцк ќе се сретне со екипата на Пик Сегед во осмина-финалето.