Добар старт за десниот бек во Валчеа: Белеска втор стрелец против Клуж

Десниот бек на репрезентацијата на Македонија, Андреа Белеска, која летово од Металург се пресели во Валчеа, имаше добар старт во новиот клуб. Во премиерниот настап, Белеска беше втор стрелец, не мечот кој нејзиниот тим го доби против Клуж со 21:18.

Белеска постигна 4 голови од 7 обиди, а поефикасна од неа беше само Ани со 11 голови. Ова беше прво коло во романскиот шампионат, и уште на стартот македонската репрезентативка покажа дека ќе ја има една од главните улоги во славниот романски тим.

Фото: facebook.com/andreabeleska14