Динамо ја одбрани шампионската титула

Финалната серија во руското првенство се одигра денес во Волгоград, каде екипите на Динамо и Лада одлучуваа кој ќе биде носител на шампионската титула.

Во решавачкиот финален натпревар првиот сегмент и припадна на екипата на Динамо која успеа во првото полувреме да направи значителна предност од четири погодоци пред гостинската екипа на Лада. Најголема заслуга за предноста на Динамо во првиот дел имаа левиот бек Кочетова која успеа да постигне дури девет погодоци како и бразилката Песоа која забележа неколку успешни одбрани. Во гостинската екипа, Екатерина Илина беше таа која што ја одржуваше својата екипа во живот, не дозволувајќи им на противничките да отидат со поголема предност на пауза.

Почетокот на второто полувреме не донесе никакви промени и домашната екипа само ја зголеми резултатската предност. До крајот на натпреварот екипата на Виктор Рјабих само ја одржуваше предноста и успеа да дојде до шестатта последователна шамионска титула.

Во екипата на актуелните освојувачи на ЕХФ купот овој натпревар беше последен за десниот бек и трократен светски шампион со руската репрезентација – Надежда Муравјева.

Натпреварот за третото место се игра денеска во Ростов, каде што Звезда ќе се обиде на гостински терен да дојде до бронзениот медал.

Финале на Руското првенство:

Динамо 30–25 Лада (17-13)

Динамо: Кочетова 11, Гончарова 2, Дмитриева – 6 (2 мин.), Ведехина – 5/3, Макеева – 5, Голикова – 1

Лада: Горшкова – 2, Ј. Жилинскајте – 2, Какмолја – 2, Самохина – 1/1, Гаранина – 1, Давиденко – 1, В. Жилинскајте, Черноиваненко – 4, Чигиринова – 3, Ихнева, Илина – 6/3, Малашенко – 2/1, Горшенина – 1