Динамо Букурешт и Порто со интерес за Марио Танкоски

Левиот бек на Металург и на македонската репрезентација, Марио Танкоски, наскоро би можел да го има првиот интернационален предизвик. Иако е врзан со договор за тимот од Автокоманда, романскиот првак Динамо Букурешт и португалскиот Порто веќе пројавиле интерес за услугите на стружанецот. Ова го најави стратегот Данило Брестовац на неодамнешното гостување на Македонската радио телевизија.

„Можам да кажам дека Металург веќе има две понуди за Танкоски – од Динамо Букурешт и од Порто. Динамо игра во Лигата на шампионите, Порто исто така е реномиран клуб. Значи има интерес за еден талентиран бек кој е 98 генереација“, изјави Брестовац.

Танкоски потекнува од познатата струшка школа, а долго време играше за Металург 2, пред да добие шанса пред две сезони и во првиот тим, а оваа година за првпат доби и статус на сениорски репрезентативец и ги постигна првите голови во националниот тим на СП во Германија и Данска.