Димитриоски за 24Ракомет ТВ: Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата! (ВИДЕО)

Едно од новите засилувања за Вардар е македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски, кој заедно со Тимур Дибиров ќе ја покрива левата крилна позиција.

За Димитриоски е голем предизвик да се носи дресот на европскиот шампион, против кој има одиграно многу натпревари.

„Голема е честа да се носи дресот на европскиот првак, но и обврска за сите нас кои сме новодојдени да ја оправдаме довербата“, вели прилепчанецот.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…