Димитриевски со Синфин го победи поранешниот клуб

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски по серијата порази конечно стигна до победа. Во претпоследното коло во АСОБАЛ лигата забележаа важна победа против Адемар Леон со 30:28.

Синфин имаше минимална предност на полувремето 12:11. Тие успеаја да го задржат водството и во вториот дел кој исто така го добија минимално за вкупна победа.

Дарко Димитриевски на натпреварот постигна два гола од пет обиди, а одлично ја одработи задачата во одбрана. Синфин во овој момент се наоѓа на 11. позиција на табелата со 24 бода, а во последното коло гостува на Грањолерс.