Димитриевски распали по Хуеска, го oдведе Синфин до победа

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Димитриевски одлично ја отвори новата сезона во Асобал лигата и со тимот на Синфин се избори за победа од 27:22 против Хуеска. Тој беше најдобриот поединец на теренот во редовите на Синфин така што покажа дека сезонава ќе биде еден од лидерите во тимот и од играчите на чиј товар ќе паѓа играта.

Димитриевски беше стрелец на шест погодоци од девет удари, а играше и во одбраната каде што заработи едно исклучување.

Ова е одличен старт за Синфин во новата сезона така што може да се очекуваат уште подобри резултати како ќе одминува времето. Јасно е дека тимот е подобро подготвен од лани и затоа очекувањата се поголеми.

Воедно ова е одлично и за Димитриевски кој со ова само докажува дека и понатаму заслужува да биде на списокот на сениорската селекција.