Димитриевски продолжи со добрите партии, но Синфин загуби од Бидасоа

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски забележа пораз на тешкото гостување во Асобал лигата кај Бидасоа Ирун.

Синфин на гостувањето кај второпласираната екипа на табелата беше поразен со 32:27. На полувремето домаќините имаа предност од само еден гол, 16:15, но во вториот дел не дозволија изненадување и го добија натпреварот.

Дарко Димитриевски имаше добар настап, четири пати успеа да го погоди голот на противникот од шест удари. Со овој пораз Синфин останува на 10 позиција на табелата и е во лоша серија од пет последователни порази.

Шанса да ја прекинат серијата порази ќе имаат во следното коло кога гостуваат на екипата на Гвадалахара.