Димитриевски одличен, Сантандер тргна со победа

Тимот на Синфин Сантандер го стартуваше со победа турнирот што се игра во Сантандер, што почна вчера, а ќе заврши утре.

Освен домаќинот, за кој настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, на турнирот играат Хуеска и Куенка.

Сантандер победи против Хуеска со 29-24, а Димитриевски беше прв стрелец со четири погодоци. Утре Сантандер ќе игра против Куенка.