Димитриевски МВП на натпревар во Шпанија (ВИДЕО)

Ракометарот од Македонија кој настапува во редовите на Блендио Синфин доби награда за МВП на натпреварот против Атлетико Ваљадолид. Дарко Димитриевски имаше одлична средба при што покажа убедливо најмногу на теренот и потоа немаше друго освен да му биде врачено признание за најдобар играч.

Се работеше за средба на подготвителен турнир пред продолжението од сезоната, а Димитриевски беше играчот кој ги предводеше своите колеги на теренот.

Одработи одлично и во играта во одбрана и во нападот со што покажа дека се наоѓа во одлична форма.

Димитриевски е во редовите на Синфин од минатата година откако дојде од редовите на Хапоел Ашдод од Израел, а ова е доказ дека одлично се снаоѓа на теренот во клубот од Шпанија.

На подготвителниот турнир во Сантандер, на натпреварот помеѓу DS Blendio Sinfín и Recoletas Atlético Valladolid, Димитриевски е прогласен за најдобар играч.🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥#DD88 #AúpaSinfin

Публикувахте от Darko Dimitrievski в Сряда, 23 януари 2019 г.