Димитриевски и Синфин ја продолжија победничката серија во Асобал

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски ја продолжи победничката серија во Асобал лигата.

Синфин како гостин славеше над составот на Алкобендас со минимални 25-26, а победничкиот гол беше постигнат во последните секунди од натпреварот.

Димитриевски беше стрелец на четири голови од шест обиди, а со оваа победа Синфин остана на седмата позиција со 22 бодови, но само три помалку од втората Бидасон Ирун.

Во следното коло Синфин ќе му биде домаќин на тимот на Куенка.