Димитриевски и Синфин со драматично реми против Хуеска

Тимот на Синфин Сантандер каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, одигра драматичен натпревар во 18 коло од Асобал лигата.

Против екипата на Хуеска, Синфин на домашен терен губеше со 12-18 во првиот дел, но одигра фантастично во вториот дел и врати со иста мера, па мечот заврши 32-32.

Димитриевски заврши со три голови од пет обиди, а по овој натпревар Синфин со 20 бодови се наоѓа на 7 место на табелата во Асобал и останува во игра за место во европските купови.