Димитриевски и Синфин дадоа силен отпор кај Адемар Леон

Тимот на Синфин Сантандер одигра уште еден добар натпревар во Асобал лигата, но сепак на крајот загуби на гостувањето кај учесникот во Лигата на шампионите, Адемар Леон.

Синфин беше поразен со 26-23, но во текот на целиот натпревар беше тука некаде и не му дозволи на домаќинот да се опушти.

Нашиот интернационалец Дарко Димитриевски ја продолжи одличната форма во последно време и беше втор стрелец со три погодоци од четири обиди.

Синфин со 13 бодови остана во горниот дел на табелата, а шансите за место во европските купови остануваат.

Фото: Luis Traparo