Димитриевски и Синфин во победнички ритам во Асобал

Македонскиот интернационалец во најсилната лига на Шпанија, Асобал, Дарко Димитриевски имаше солиден настап за својот тим Синфин во обезбедувањето на нова победа.

Синфин како гост го совлада составот на Анхел Хименез Авија со 27:26 и со новите два бода стигне до доближување до позициите кои следната сезона водат во европските купови. Од 2. место Синфин сега го делат шест бода и јасно е дека во продолжението од сезоната ќе следуваат многу добри и интересни натпревари.

На овој дуел на кој Синфин обезбеди нова победа, Дарко Димитриевски успеа да постигне два гола од четири обиди и на тој начин придонесе во победата. Покрај тоа имаше и едно исклучување.