Дибиров: И ние и Македонија дојдовме со иста цел, но на крајот разочаравме (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Русија во која настапуваа неколкумина вардарци на чело со Тимур Дибиров , со пораз го заврши својот настап на Мундијалот во Данска и Германија. “Зборнајата” предводена од Едуард Кокшаров со големи амбиции пристигна на СП, но и покрај солидниот перформанс мораше да се задоволи со настап во “Президент купот” каде во борбата за 13.место загуби од Катар.

Незадоволството од конечниот пласман на 14. позиција беше видливо и на лицето на Тимур Дибиров кој истакна дека тој и неговата репрезентација со многу повисоки амбиции пристигнаа на Мундијалот. Сепак исто како и Македонија не успеаа да ги остварат своите примарни цели , што наиде на голема разочараност кај фановите на двете репрезентаци.

Целосната изјава на Тимур Дибиров за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение.