Дејан Бомбач дојде во Пик Сегед, неговиот сонародник си замина

Продолжувањето на договорот за уште две години со моменталниот шампион на Унгарија не беше доволно за Стас Скубе кој денес јавно објави дека го раскинал договорот со Пик Сегед. 28-годишниот среден бек пристигна во унгарскиот првак во летото 2016 година после одличната претстава во редовите на Горење.

Соработката на средната бековска позиција помеѓу Скубе и Житников кој е мета на Вардар ќе биде завршена поради доаѓањето на Дејан Бомбач кој пред неколку дена се врати во старите редови после авантурата во Келце. Воедно во тимот пристигна и искусниот среден бек Жоан Кањељас затоа Словенецот отпадна од плановите на тренерот.

Се очекуваше Житников да биде играчот кој го напушта составот токму поради гласините дека ќе го засили Вардар, но иако сè уште постои таква опција најверојатно Русинот ќе остане во Сегед креирајќи конкуренција на средната бековска позиција.