Деспина лесно се справи со ЦЕМС

Во првото коло од пролетниот дел во Женската лига се сретнаа екипите на ЦЕМС 2018 и Деспина. Поуспешна беше екипата на Деспина која славеше без поголеми проблеми. Конечниот резултат беше 32:23.

Уште од самиот почеток прилепчанки покажаа дека се поквалитетен противник. Предноста постојано ја зголемуваа и веќе на полувремето имаа двоцифрена предност.

Домашната екипа постигна само седум голови во првото полувреме за конечни 7:19 по првите 30 минути. Во второто полувреме Деспина рутински ја одржуваше предноста до крајот на мечот.

Убедливо најефикасна ракометарка на натпреварот беше Лилјана Рипилоска од екипата на Деспина која постигна 11 голови и беше најзаслужна за победата на својот состав. Во домашната екипа по шест погодоци постигнаа Кузманова Кристина и Петровска Александра.