Десното крило ќе ја менува средината: Нолевска заминува од Ринкобинг

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска следната сезона нема да настапува во составот на Ринкобинг. Иако десното крило потпиша на две години со оваа екипа, сепак по само една си оди, бидејќи тимот испадна од елитната данска конкуренција, иако имаше големи амбиции.

Десното крило сезонава имаше неколку добри партии низ лигашките натпревари за Ринкобинг, па сигурно нема да и биде тешко да пронајде нова средина за следната сезона.

Пред да се пресели во Ринкобинг, Нолевска со Виборг играше во полуфиналето од плеј-офот и во ЕХФ Купот, а во нашата држава беше дел и од Вардар Јуниор со кој пак има искуство од настапите во Челинџ Купот. Таа е репрезентативка на Македонија во сениорска конкуренција, а ги помина и сите младински селекции.