Деревен за 24 Ракомет ТВ: Среќен сум што дојдов пак во Македонија, овде е мојот втор дом (ВИДЕО)

Ракометарот на Спартак Москва, Александар Деревен се врати во Македонија, но овој пат како играч на екипа од Русија со што се потсети како беше да се игра во Битола. Овој пат се работеше за дуел од СЕХА-лигата, но дефинитивно можеше да се забележи дека му е драго што е повторно во Македонија.

„Пресреќен сум што дојдов во Македонија во мојот втор дом. Имавме добар натпревар 15 минути, но потоа имавме повреда кај Евдокимов, па со негавата замена не успеавме да го одиграме истото. Имаме два порази по ред, но сега ни следуваат нови средби на кои се надевам дека ќе успееме да победиме“, коментираше Деревен.

Имаше интересен одговор и на прашањето за некаков коментар за својот поранешен клуб Вардар. Погледнете го во видеото во продолжение.