Ден за полуфинале на СП: Норвешка и Холандија во реприза на финалето од пред две години

Четирите репрезентации коишто успеаја да се изборат за опстанок до крајот на шампионатот во Германија од вчера се во Хамбург каде што денеска и в недела ќе разигруваат за медалите.

Иако во средата ги имаа четврт-финалните пресметки ракометарките од Холандија и од Норвешка први ќе се пресметаат на теренот во Хамбург. Нивниот дуел се игра од 17:30 часот, а она што е интересно е дека овие две селекции се надигруваа и пред две години на Мундијалот во Данска. Таму Норвешка ја совлада Холандија со убедливи 31:23, па сега ќе има одново добар дуел на кој Норвежанките одново се со улогата на фаворитки.

Секако, за Холандија ова ќе биде добра можност да се реваншира за тој пораз, но ќе мора да се искористат сите шанси за да се дојде до посакуваниот резултат.

Второто полуфинале ќе биде исто така интересно бидејќи во него ракометарките на Вардар, Амандин Лејно и Александра Лакрабер ќе играат против Шведска. Тој двобој ќе донесе интересен ракомет во кој ниту една селекција нема предност. И двата состави ќе имаат што да покажат, па затоа никој не добива предност пред почетокот на натпреварот.

ПОЛУФИНАЛЕ НА СП

ДЕНЕСКА

НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА         17:30ч

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА               20:30ч