Дембеле се сели во француски Стела Сент-Маур!

Една од најперспективните леви крила во Франција, Артета Дембеле, од следната година ќе игра за тимот на Стела Сент-Мур, кој од наредната сезона ќе игра во најдобрата француска лига.
21-годишната ракометарка следејќи ги стапките на својата постара сестра, „вардарката“ Сираба Дембеле, ја очекува шансата да блесне на левата крилна позиција, а во новиот клуб ќе добие повеќе простор и слобода да го потврди својот талент. Тоа во својот сегашен клуб, Метц, не можеше да го покаже бидејќи одигра само четири натпревари во францускиот шампионат и постигна само еден гол, како замена за француската репрезентативка Пола Бодуа и србинката Oгњеновиќ.
Таа е четвртото засилување на екипата oд Вал-де-Марн по Фанта Кеита (ИЈЗ), Солен Делорм (Ангулеме) и Аделин Аламелу (Меригнак).