Двобојот против Македонија ги раздвижи Грците, ќе има ТВ пренос

Средбата од 2. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година за репрезентативците на Македонија е в недела од 16 часот, а гостуваат во Кожани кај селекцијата на Грција.

Со оглед на тоа што ракометот не е спорт кој привлекува особено големо внимание во Грција и не се очекуваше да има пренос, но овој дуел буди посебно внимание кај нашиот јужен сосед, па средбата ќе се пренесува на каналот ЕРТ 3.

Секако за гледачите во Македонија натпреварот ќе оди на ТВ Телма така што ќе има можност да се види играта на македонските репрезентативци и на вториот дуел во овие квалификации.