Две засилувања во пакет пристигнуваат во Љублин

Полскиот шампион  Љублин  следната сезона ќе игра дирекно во Лигата на шампионите. Со оглед на конкуренцијата во најелитното европско натпреварување, раководството на клубот реши екипата да ја засили со две млади ракометарки од Црна Гора и Бразил.

Црногорката Сања Премовиќ (22 години) е првото ново име во шампионот на Полска, и со клубот потпиша договор на две сезони.

premovic
Сања Премовиќ- засилување на десната бековска позиција Фото-handballme.me

Добрите партии од српскиот Ниш ја преселија во Норвешка, каде настапуваше за екипата на Фредиркштад. Во Норвешка, Премовиќ се покажа во одлично светло, а полјаците сето тоа го искусија на своја кожа. Сања Премовиќ е поранешна кадетска и јуниорска репрезентативка на Црна Гора, а можеби со трансферот во Љублин ќе добие покана од Драган Аџиќ за место меѓу дебитантите во сениорската репрезентација на Црна Гора.

 

Второто засилување е Џесика Квинтињо (23 години) која во Љублин доаѓа од далечниот Бразил. Џесика Квинтињо со селекцијата на Бразил во Србија го освои светското злато, а меѓу другото учествуваше и на Олимписките Игри во Лондон. Квинтињо игра на позиција десно крило. Се уште не е познато, колку сезони ќе трае договорот на бразилката во Љублин.