Дарио Петровски: Не треба да се трошат зборови за Пелистер, но Еурофарм има капацитет за позитивни резултати

Стартот на Супер лигата оваа сезона ќе биде одбележан со граското дерби меѓу Еурофарм Работник и Пелистер. Овие два тима веќе одиграа два пријателски меча, кои баш и не личеа на такви. Еден од младите ракометари на Еурофарм Рабоник, Дарио Петровски во интервјуто за 24ракомет открива како почнал да тренира ракомет, зошто се решил а Еурофарм, а не за Пелистер…

Кој е главниот виновник за започнувањето на вашата ракометна приказна?

  • „ Главен виновник за започнувањето на мојата ракометна приказна е мојата желба да тренирам некој спорт со топка. Се одлучив за ракометот, спорт во кој добро се снајдов.“

Следната сезона два клуба од Битола ќе се натпреваруваат во Супер лигата? Кое е вашето мислење за градскиот ривал Пелистер?

  • „ Битола е ракометен град и не чудно да има два преставника во Супер лигата. За градскиот ривал нема што да се трошат зборови, Пелистер е клуб со долга историја и големи успеси. Но и Еурофарм Работник има квалитет за позитивни резултати па останува да видиме каков ќе биде исходот со градскиот ривал во сезоната што е пред нас “

Зошто избравте вашата кариера да ја продолжите во РК Работник, зошто не се одлучивте за Пелистер на пример?

  • „ Кога размислував каде да ја продолжам мојата кариера после година и половина минати во една битолска ракометна школа , во разговор на моите родители со моите сегашни тренери, го одбрав Работник по што не ни размислував за Пелистер понатаму  “

Кој е најдобриот совет што сте го добиле од вашите сегашни тренери Иван Марковски и Александар Зарков?

  • „ Многу совети добивам од Иве и Заре, но најдобриот совет што сум го добил од нив е да бидам опасен кон голот секогаш кога топката е во моите раце. Да не се двоумам многу и да упатувам што повеќе удари кон голот “

Dario Petrovski

Дали мислите дека Македонија е стабилно тло за започнување на ракометна кариера ?

  • „ Според мене Македонија е вистинска земја за започнување на ракометна кариера. Ние сме мала држава овде квалитетот повеќе се цени, а и побрзо и полесно може да се забележи талентот на младите играчи . “

Кое е најголемото искуство кое го стекнавте настапувајќи за Еурофарм Работник ?

  • „ Најголемото искуство играјќи за Еурофарм Работник за мене беше освојувањето на Првата македонска лига, а со тоа и влезот во Супер лигата во која ќе се бориме престојната сезона. “

Dario Petrovski 1

Доколку би можеле да бирате во моментот во која лига би сакале да настапувате? Некаде на Балканот, Германија, Франција или можеби Скандинавија ?

  • „ Според мене Бундес лигата е најјаката моментално. Би сакал да настапувам за некој тим од германското првенство“

Кои се вашите очекувања од  деби настапот на Еурофарм Работник во Супер лигата на Македонија?

  • „ Секако, се надеваме на добра и успешна сезона.

Што мислите за ракометот кој се игра на овие простори?

  • Ракометот кој се игра на овие простори е во подем и од година во година се повеќе клубови почнуваат да го применуваат така наречениот брз ракомет (модерен) со што се добива поголема динамика и мечевите се поефикасни со повеќе голови за разлика од порано кога на освоена топка играта се забавувало и полека се пренесувала топката кон противничкиот гол.