Данска со една титула, но со виза за два шампионати

Репрезентацијата на Данска денеска го освои Светското првенство, а титулата освоена на домашен терен во Хернинг после победата од 31:22 над Норвешка успеа да се избори и за обезбедување на виза за две првенства.

Освојувањето на круната на Данците им ја донесе и можноста да бидат првиот сигурен учесник на Олимписките игри во Токио во 2012 година. Покрај домаќинот Јапонија, сега и Данска е сигурен патник на игрите така што ќе може сосема смирено да го одигра следното Европско првенство.

Сепак, не е само Олимпијадата во прашање со оваа титула бидејќи тука во комбинација е и следното Светско првенство. Селекцијата на Данска му се придружи на Египет на овој Мундијал, па затоа може сосема мирно да го дочека и јануари 2021 година. Следниот Мундијал ќе биде првиот на кој ќе настапат вкупно 32 репрезентации, но бројката на учесници ќе биде зголемена за селекциите кои доаѓаат од Африка и од Азија.