Данска им годи: Митова и Петковска уште една година во Сондерјиск

Македонските интернационалки Сара Митова и Драгана Петковска, и во следната сезона ќе бидат членки на тимот на Сондерјиск.

Левото крило Митова и голманката Петковска пружаа одлични партии во текот на оваа сезона, па данскиот состав им понуди продолжување на соработката.

Двете Македонки имаат шанса да го вратат Сондерјиск во елитната конкуренција во Данска, но за тоа ќе мора да го совладаат тимот на Бјерингбро во баражот.