Дани Гордо на клупата на Адемар Леон и наредната сезона

Управата на Адемар Леон реши да му го продожи договорот на тренерот Дани Гордо кој и наредната година ќе седи на клупата на тимот од Леон. Во изјава за медиумите тие го истакнаа задоволството од работата на нивниот тренер кој успеа да ја заврши сезоната на 5-то место и избори учество на својот тим во ЕХФ купот.Од 1996 година Адемар Леон е редовен учесник во европските натпреварувања, а тоа нема да биде исклучок ни оваа година.
Дани Гордо пристигна во Адемар Леон во 2006 година каде најпрво беше тренер на помладите категории, а наредната сезона ќе му биде втора како прв тренер во Леон.