Дами и господа, Русија е новиот олимписки шампион!

Ако некоја репрезентација покажа игра за олимписко злато тоа единствено можеше да се каже за „зборнаја“. Новата руска генерација ракометарки засилена со неколку искусни ветеранки вклопени во концептот на ракометниот магионичар, ексцентричниот Евгениј Трефилов заслужено ја одведоа Русија до прв златен медал од Олимписките игри. Иако Советскиот сојуз освои две златни медали, ова е прво најсјајно одличје за руските ракометарки.

Навредата на корпулентната голманка на Ангола и сите невкусни изјави на Трефилов во текот на олимпискиот престој беа заборавени по воведните минути. Русија го превзема водството на почетокот на мечот, а во 20-та минута веќе имаше четири голови предност. Франција се обидуваше да го следи ритамот на „зборнаја“, и во 26-та минута успеа да се доближи на само гол разлика, но до крајот на првиот дел Русија имаше три голови предност за 7-10.

mZJQRpK3 (1)

Во првите десет минути од вториот дел, Русија ја одржуваше разликата на +4. Сепак Франција не сакаше предвреме да крене бело знаме. Во средината на полувремето со низа голови го направи натпреварот за златен медал возбудлив изедначувајќи го резултатот на 14-14. Несвојствено за искусните француски ракометарки, но дозволија со нова серија од три погодоци Русија да влезе во самата завршница со комотна предност од три голови. Токму таа разлика се задржа до крај на натпреварот за конечно 19-22. Русинките на паднаа на колена неможејќи да поверуваат дека го оствариле својот сон, Французинките на колена во очај за пропуштената шанса.

Пресреќна сум. Мислам дека сум најсреќната жена во светот во моментов. Ние имавме најквалитетен тим и навистина верувавме во тоа, како колектив. Овој медал значи се за мојот спортски живот. Ова е се за што живеам. истакна една од најдбрите ракометарки во составот на Русија, Ана Вјахирева.

RIOEC8K1JPWSM_768x432

Најпрецизна во составот на Русија беше Вјахирева со пет погодоци,а Кузнецова и Димитриева постигнаа по четири. Кај Французинките поранешните Вардарки Дембеле и Пино имаа пет прецизни удари, недоволно за злато на олимпискиот турнир во Рио.